МЗСС

Ski Cross – Спасувачка Трка Копаоник

Како и предходните години, тимот на МЗСС учествуваше на традиционалната трка во Ski Cross организирана од страна на Горската служба за спасување на Србија во Копаоник. Нашиот тим оваа година успеа да освои 4то место.

Вежба – Прва Помош

Низ неколку предавања, успеавме со помош на добра интеракција од новите членови, да ги објаснеме основите на првата помш но воедно и да ги поедноставиме најчестите скијачки повреди и како на нив соодветно да реагираме и соодветно да го спроведеме транспортот на повреденото лице. Новите членови имаа можност и преку практични вежби да се стекнат …

Вежба – Прва Помош Read More »

Вежба – Евакуација од жичара

Симулациска вежби за добар план, организација и усовршување на јажевите техники и постапка за евакуирање од жичара во случај на нејзин прекин. Прво и основно правило и императив што треба да се научи е да се верува на опремата, односно да се поткрепиме на истата при изведувањето на една симулациска вежба. Овој викенд успешно се …

Вежба – Евакуација од жичара Read More »

Обезбедување на хуманитарен настан

Во рамки на настанот организиран од “Асоцијација за Цистична Фиброза” тимот на МЗСС ги обезбедуваше  учесниците на настанот во искачувањето на Водно. Двајца патролери и две медицински лица беа дел од екипата на МЗСС.

Обезбедување на рагби натпревар

Тимот на МЗСС се погрижи за безбедност на турнирот по рагби организиран од MKD Schools Rugby Tournaments. Нашиот тим составен составен од две лиценцирани медицински лица и двајца патролери водеа ред за безбедноста на играчите. Извршени беа неколку интервенции но за среќа сите беа со полесни повреди.

Вежба – Прва Помош

Тимот на МЗСС во изминатов период организираше вежби за Прва Помош. Целта на овие вежби е да се повторат и надополнат знаењата на членовите а воедно и да се усоврши пристапот за работа кон повредените.

Вежба – Евакуација од жичара

Во текот на месец октомври тимот на МЗСС организираше неколку симулациски вежби за евакуација од жичара. Целта на овие вежби беше да се повтори знаењето, но воедно и да се усовршат техниките на евакуација. Евакуацијата на жичара е тимска работа, и сите членови работат координирано и со меѓусебна доверба. Во понатамошниот период ќе бидат спроведени …

Вежба – Евакуација од жичара Read More »