FIPS European Congress

Во периодот од 02.03 до 07.03, претставници од Македонското Здружение на Спасители во Скијалишта учествуваа на ФИПС Европскиот Конгрес 2025 што се одржа во Синаја, Романија.

Преку специјализирани обуки по лавинологија, користење на дронови во спасувачки мисии и примена на напредниот RECCO систем, ги унапредивме нашите знаења, вештини и капацитети за делување во планински услови.

Конгресот овозможи размена на добри практики и искуства со ски патроли од цела Европа и светот – важен чекор напред кон поефикасни интервенции и поголема безбедност за сите посетители на планините.

Голема благодарност до домаќините од Салвамонт Романија за нивната топла добредојдeница и професионална организација. Со нетрпение го очекуваме следниот Европски конгрес што ќе се одржи во Србија!