078 533 331
Организација

За нас

Волонтерска и непрофитна организација посветена на безбедноста во скијалиштата на Македонија.

Кои сме ние

Македонско Здружение на Спасители во Скијалишта

МЗСС е волонтерска и непрофитна организација основана во 2023 година, посветена на безбедноста и спасувањето во зимски услови на македонските скијалишта.

Нашиот тим е составен од обучени спасители кои интервенираат на скијалишта низ целата земја. Редовно организираме обуки, тренинзи и едукации за зголемување на капацитетите и унапредување на стандардите за спасување.

Преку нашата работа се стремиме кон создавање безбедна средина за сите љубители на зимските спортови.

Стани Член
МЗСС тим
Нашата мисија

Зошто постоиме

Безбедност
Нашата примарна цел е обезбедување безбедна средина за скијачи и посетители на скијалиштата преку брза и стручна интервенција.
Едукација
Континуирана обука и тренинзи по прва помош, жичарска евакуација и теренска работа за секој член на тимот.
Меѓународна соработка
Полноправна членка на FIPS — Federation of International Ski Patrols, со примена на највисоките светски стандарди.
Меѓународна федерација

Членка на FIPS

МЗСС е полноправна членка на Меѓународната Федерација на Ски Патроли (FIPS — Federation of International Ski Patrols), со што ги следи и применува највисоките светски стандарди во областа на планинско спасување и ски патрола.

Членството во FIPS ни овозможува пристап до меѓународни обуки, размена на искуства со водечки ски патроли во светот и воспоставување на унифицирани протоколи за интервенција.

FIPS логo