КОНКУРС ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

Во потрага сме по нови членови кои ќе го збогатат нашиот тим на ски патролери. Ако си млад и енергичен, голем ентузијаст и страствен љубител на планината и скијањето, ова е совршената можност за тебе!
Какви членови ни се потребни?

Млади и енергични луѓе: Големи ентузијасти и страствени љубители на планината и скијањето.
Хумани луѓе: Луѓе кои пред сѐ сакаат да пружат помош на оние што им е потребно.
Дружелубиви и комуникативни луѓе: Тие кои несебично ќе ги споделуваат нивните искуства.

Ако се препознаваш во овие карактеристики, не пропуштај ја шансата да се придружиш на нашиот тим!