ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Во прилог се напишани правилата и условите кои важат за здружението поврзани со конкурсот за спасители.
- АПЛИКАЦИЈА
Секое лице со навршени 18 години може да се пријави за обуката за спасители.
Датумот за пријавување започнува на 03.06.2024 .
По завршување на пријавувањето, MЗСС ќе започне со анализа на сите пријави, а потоа ќе се направи селекција на пријавените коишто ги исполнуваат условите и истите ќе бидат поканети да присуствуваат на обуката.
- КАНДИДАТ
Кандидат е лице кој ја поминал првичната селекција и е повикан да присуствува на обука
- ОБУКА
Обуката се состои од:
- Курс по прва помош
- Курс по познавање на јажеви техники и показна вежба за евакуација од жичара
- Курс по прва помош
- Курс по познавање на јажеви техники и симулациска вежба за евакуација од жичара
- 7 дневна теренска обука во тек на скијачка сезона (совладување на активностите, обележување на ски патеки за намалување на ризици, организација на спасување на повреден, пружање на прва помош).
- ИСПИТ
Завршниот испит се состои од полагање на:
- Прва помош
- Познавање на јажеви техники и показна вежба за евакуација од жичара
- Скијање
- СТЕКНУВАЊЕ СО СТАТУС СПАСИТЕЛ ПРИ МЗСС
Кандидатот станува спасител откако ќе ја помине обуката и ќе го положи завршниот испит пред тричлена комисија која се состои од:
- Медицинско лице (лиценциран доктор по општа медицина)
- Член на алпинистичка федерација ( со лиценца алпинист )
- Инструктор по снежни спортови
Трошоците на обуката изнесуваат – 5000 денари (80 EUR)
ВО ТРОШОЦИТЕ ЗА ОБУКАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Ски карта за 7 скијачки денови;
- Сместување за 6 ноќи за секој кандидат;
- Храна (3 оброци дневно – појадок, ручек, вечера);
- Користење на заедничка специјализирана опрема за спасување и прва помош (шлем, појас, јаже, опрема за движење на јажето, материјал за прва помош итн.);
- Литература и материјал за учење.
ВО ОБУКАТА “НЕ” Е ВКЛУЧЕНО:
- Скијачка опрема ( скии, стапчиња, кацига, борд)
- Превоз
Членарина во здружението чини 1500 денари годишно и истата се уплаќа по положување на завршниот испит на крај на скијачката сезона. Оваа членарина може да се исплаќа на 12 месечни рати.