Обука и Пријава – MZSS

ПРИЈАВА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

Кандидат

Кандидат за пристапување во МЗСС може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија кој е подготвен да учествува во спасувачки активности на скијалиштата. За да се пријавите, пополнете го пријавниот формулар на нашата веб-страница во периодот од 03.06. до 01.11.2024 година. По истекот на рокот, пријавите ќе бидат затворени.

Пријава

По завршувањето на конкурсот, Комисијата за обука на МЗСС ќе ги разгледа сите пријави и ќе изврши селекција според податоците внесени во пријавата. Кандидатите ќе добијат известување по е-пошта дали се селектирани за понатамошна обука и практична работа.

Обука и практична работа

По селекцијата, за избраните кандидати ќе започне организација на обуки и практична работа, со цел да се стекнат потребните знаења и вештини за учество во спасувачките акции на скијалиштата. Обуката вклучува тренинзи по прва помош, евакуација од жичара и возење аки чамец. Теренската обука, која се одвива на скијачките терени, трае задолжителни 7 дена, за време на кои кандидатите ќе се стекнат со потребните вештини за учество во спасувачките акции.

Прва помош

Модул 1: Прва Помош

Првата помош е основата на секоја спасувачка операција. Во овој модул, кандидатите поминуваат низ обука која вклучува напредни техники за спасување живот и кардиопулмонална реанимација (CPR). Посебна важност се дава на теоретското и практичното совладување на овие вештини. За да станат спасители, кандидатите се должни да положат испит по прва помош на највисоко ниво.

Евакуација од жичара

Модул 2: Обука за Евакуација од Жичара

Една од најкритичните ситуации на скијалиштата е евакуацијата од жичара. Овој модул ги учи кандидатите како да извршат безбедна и брза евакуација на патниците во случај на дефект или друга итна ситуација.

Аки чамец

Модул 3: Обука за Управување со Аки Чамец

Аки чамецот е основна алатка за транспорт на повредени скијачи на безбеден начин од тешко достапни терени. Кандидатите учат како правилно да го управуваат аки чамецот, да ја стабилизираат повредената личност и да ја транспортираат до најблиската медицинска помош.