078 533 331
Официјален документ

Правила и Услови

Официјални правила и услови на МЗСС за конкурсот за спасители.

Барате практични информации за пријавување, обука и цени?

Стани Член — Практичен водич →
Член 1

Дефиниции

Кандидат
Лице кое ја поминало првичната селекција и е официјално повикано да присуствува на обука организирана од МЗСС.
Спасител
Лице кое го положило завршниот испит пред тричлената комисија и добило официјален статус „Спасител при МЗСС".
Комисија
Тричлено тело назначено од МЗСС кое ги спроведува испитите и издава официјален статус на спасители.
Член 2

Услови за пријавување

Право на пријавување за обука на спасители имаат лица кои ги исполнуваат следните услови:

  • Навршени 18 години возраст
  • Државјанство на Република Северна Македонија
  • Подготвеност за волонтерска работа на скијалиштата
  • Добра физичка и психолошка кондиција
Член 3

Рокови и пријава

Конкурсниот период за пријавување ќе биде објавен навреме. По истекот на рокот, пријавите се затвораат и не се прифаќаат дополнителни апликации.

По завршување на конкурсот, Комисијата за обука на МЗСС ги разгледува сите пријави и врши селекција. Кандидатите се информираат по е-пошта.

Член 5

Завршен испит

Завршниот испит се полага пред тричлена комисија и се состои од три дела:

  • Прва помош — теорија и практика
  • Познавање на јажеви техники и показна вежба за евакуација од жичара
  • Скијање — демонстрација на вештини

Кандидатот кој нема да го положи испитот има право на повторно полагање во следниот конкурсен циклус.

Член 6

Состав на комисијата

Медицинско лице
Лиценциран доктор по општа медицина
Алпинист
Член на алпинистичка федерација со лиценца алпинист
Инструктор по скијање
Лиценциран инструктор по снежни спортови
Член 8

Категории на патролери

Членовите на МЗСС се поделени во 6 категории според искуство, обука и овластувања. Кликнете на категорија за повеќе информации.

Intern Ski Patroler е почетното ниво за сите нови членови. Во оваа фаза лицето се запознава со основните принципи, безбедносни стандарди, опрема, комуникациски протоколи и теренски правила.

Дозволено
  • Присуство на терен како набљудувач
  • Помагање во едноставни задачи под надзор
  • Учество во основни вежби и симулации
Не е дозволено
  • Спуштање аки-чамец
  • Учествување во евакуации
  • Интервенција кај повредени
  • Самостојна работа
Критериуми за напредување кон Junior Ski Patroler
1
Теренско искуство — Минимум 7 дена активен престој на ски терени.
2
Образовни обуки — Ислушани: Основна Прва Помош, Основи на скијање, Основи на возење аки-чамец.
3
Оценка од инструктор — Позитивна оценка дека е внимателен, дисциплиниран и подготвен за напредување.

Junior Ski Patroler е првото оперативно ниво. Присутен е во реалните задачи, учи да се движи безбедно низ ски-патеките и презема едноставни интервенции под супервизија.

Дозволено
  • Самостојно движење по ски-патеки
  • Помагање при интервенции со ниска сложеност
  • Учество во лоцирање на повредени лица
  • Подготовка на опрема
Не е дозволено
  • Спуштање повреден со аки-чамец
  • Самостојно интервенирање кај повредени
  • Учество во евакуација од жичара
Критериуми за напредување кон Pre Ski Patroler
1
Теренско искуство — Минимум 30 дена активна работа на стаза.
2
Положени обуки — Самевакуација, Аки-чамец основно ниво, Скијање на сите патеки, Прва Помош.

Pre Ski Patroler е средно оперативно ниво — клучен премин помеѓу Junior и целосно оперативниот Ski Patroler. Има значителна теренска сигурност и може да извршува дел од задачите самостојно.

Дозволено
  • Самостојни интервенции на лесни и средни патеки
  • Редовна патрола без директен надзор
  • Учество во евакуации како помошник
  • Спуштање аки-чамец на лесни/средни патеки
Не е дозволено
  • Водење на официјална обука
  • Координатор на смена
  • Носење SOS телефон како одговорно лице

Ski Patroler е целосно оперативното и најкритично ниво. Реагира на интервенции, спроведува процедури, комуницира со гости и одржува безбедност на патеките.

Дозволено
  • Аки-чамец на сите типови патеки со повредено лице
  • Евакуација од жичара
  • Процена на ризик на терен
  • Носење SOS телефон
  • Обука и оценување на Intern патролери
Не е дозволено
  • Големи административни одлуки
  • Главен инструктор (тоа е Senior)

Senior Ski Patroler е највисок оперативен ранг — патролер со висока стручност, стабилност и големо искуство кој може да води тимови и да донесува одлуки под притисок.

Дозволено
  • Води интервенции од сите типови
  • Организира и спроведува евакуации од жичара
  • Координатор на смена
  • Обука на Intern, Junior и Pre
Ограничувања
  • Одлуките за организациски политики се на раководството

Doctor Ski Patroler е специјализирана категорија резервирана само за медицински лица со соодветно образование и лиценца, кои истовремено ги поседуваат и основните теренски знаења.

Дозволено
  • Медицинска процена на повреди
  • Одлучување за транспорт и ризик
  • Координација со Ургентен Центар
  • Медицински дел од обуките
Не е дозволено
  • Координатор на смена
  • Водење цели спасувачки операции
Член 9

Подготвен да се пријавиш?

Видете го практичниот водич со сите информации за обуката, трошоците и процесот на пријавување.

Стани Член →