Вежба – Прва Помош

Низ неколку предавања, успеавме со помош на добра интеракција од новите членови, да ги објаснеме основите на првата помш но воедно и да ги поедноставиме најчестите скијачки повреди и како на нив соодветно да реагираме и соодветно да го спроведеме транспортот на повреденото лице. Новите членови имаа можност и преку практични вежби да се стекнат вештини за давање на СБМО, начин на имобилизација на повреден, односно имобилизација на глава, ‘рбетен столб, екстремитети, начин на поставување на спинална даска, начин на поставување во бочна (кома) положба, успешно справување со хипотермија и смрзнатини.