Симулациска вежби за добар план, организација и усовршување на јажевите техники и постапка за евакуирање од жичара во случај на нејзин прекин. Прво и основно правило и императив што треба да се научи е да се верува на опремата, односно да се поткрепиме на истата при изведувањето на една симулациска вежба. Овој викенд успешно се отпочна учењето за тоа како наједноставно и најбезбедно да се симне повреден од корпа, со соодветно и безбедно обезбедување на оној кој истиот го симнува. Се продолжи со усовршување на процесот на евакуација, низ низа симулациски вежби кои секој од нас имаше прилика да ги направи.
