Вежба – Евакуација од жичара

Во текот на месец октомври тимот на МЗСС организираше неколку симулациски вежби за евакуација од жичара. Целта на овие вежби беше да се повтори знаењето, но воедно и да се усовршат техниките на евакуација. Евакуацијата на жичара е тимска работа, и сите членови работат координирано и со меѓусебна доверба. Во понатамошниот период ќе бидат спроведени уште неколку вежби од овој тип.